|

СДСМ: Ја баталија Универзална, за ВМРО-ДПМНЕ политиката е пред скопјани

ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш потврди дека и на државно и на локално ниво е деструктивна партија, обвинија од СДСМ.

„ Со одбивањето на предлогот на советничката група на СДСМ реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Владата, од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека дневната политика им е пред Скопје, пред граѓаните, пред културата.

Една и пол година Универзална сала стои нереконструирана иако пари за овој проект има, но поради лични хирови на Данела Арсовска и инаетот на ВМРО-ДПМНЕ овој објект симбол на Скопје скапува и од ден на ден е во се полоша состојба.

Срамно, скандалозно и недозволиво е однесувањето на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и кон овој објект, но и кон Град Скопје и кон граѓаните“ велат од владејачката партија.



Слични Објави