СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата, Филков си ја штити фотелјата
Социјалдемократскиот сојуз на РСМакедонија (СДСМ) обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков, намерно го кочат процесот за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија.
Од партијата прават паралела со актуелните случувања во Будимпешта, каде што новиот унгарски премиер Петер Маѓар открива детали за бегството на полски министер кој имаше заштита од Виктор Орбан, а сега преку Србија пребегал во САД.
Според СДСМ, главната причина за тактизирањето со документите за екстрадиција е внатрепартискиот страв во ВМРО-ДПМНЕ.
„Мицкоски не го сака враќањето на Груевски затоа што тогаш би можел повторно да ја преземе партијата. Тој веќе ги отстрани сите потпретседатели, а од општинските организации направи свои лични фан-клубови“, се вели во партиското соопштение.
Од друга страна, за министерот за правда Филков, СДСМ тврди дека со пасивноста се обидува да ја зачува својата позиција во извршната власт:
Партијата посочува дека со оваа блокада министерот се обидува да го задржи министерското место, со оглед на тоа што веќе е таргетиран за смена во најавената реконструкција на Владата.
Од опозициската партија нагласуваат дека ова не е случајност, туку „свесна заштита на Груевски“.
СДСМ јавно прашува и бара итен одговор од надлежните: Дали документите за екстрадиција на Груевски се воопшто испратени или не?
„Нема повеќе одлагања. Нема повеќе заштита на бегалците. Испратете ги документите за Груевски веднаш! Вистината излегува на виделина, а доаѓа времето на правдата и одговорноста“, децидни се од СДСМ.

