СДСМ: Наместо бесплатен автобуски превоз, Арсовска во време на криза воведе поскап билет од 120 денари

/

Наместо бесплатен автобуски превоз со кој ги лажеше граѓаните, Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие воведуваат дневен билет од 120 денари, соопшти СДСМ.

„Во време на криза, наместо да им помогнат на граѓаните, Арсовска и ЈСП воведуваат поскап билет. Претходно, ова јавно претпријатие преку Арсовска бараше пари за помош од Владата иако тоа е под надлежност на Град Скопје“. Партиските кадри на Арсовска ја уназадија работата на ЈСП.

Поради лични хирови, Арсовска го прекина проектот „Бас рапид транзит“ и наместо да воведе бесплатен превоз, воведе нов поскап билет, што само по себе говори за нејзината неодговорност кон граѓаните и Град Скопје.

Арсовска не е способна да менаџира ниту со сегашната флота автобуси, а не, пак, да обезбеди 250 нови еколошки автобуси, како што ги лаже граѓаните со месеци“, додаваат од партијата.



Извор: Temite



Претходна статија

Владата тврди: Со 615 милиони евра ги амортизиравме ценовните шокови

Следна статија

Македонците потрошиле 437,1 милиони евра на онлајн трансакции во 2021

Најново од Вести