СДСМ објави уште тројца кандидати за градоначалници
Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за нови три кандидатури за градоначалници на претстојните локални избори.
Кандидатите се:
- Драган Атанасов – за општина Пробиштип
- Драгослав Симоновиќ – за општина Градско
- Борче Гиевски – за општина Зелениково
Со оваа одлука, СДСМ досега има објавено вкупно 60 кандидати за градоначалници во исто толку општини ширум државата.
