СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не го блокираа само одморот, уживаа цело лето
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не го блокираа само одморот. Уживаа цело лето.
Сега кога треба да работат за граѓаните им е многу тешко, не им се работи. Да не им треба уште одмор на сметка на граѓаните?
Запаметено ќе биде ова однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, во време на најголема економска и енергетска криза во светот по Втората светска војна.
Најавата дека Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат со блокадата на Собранието е показател дека ништо не е променето во оваа партија.
Освен блокади на законите за граѓаните и тоа во време на криза, деструкции и предизвикување било каква штета се друго му е тешко на Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не ја научиле лекцијата. Ниту ја примиле пораката од граѓаните кои има ја пратија на вонредните локални избори кога доживеаја пораз во две општини а во третата имаа пад на гласовите“, се вели во реакцијата на СДСМ за изјавата на Никола Мицевски.