|

СДСМ: Примерот со Србија каде Бехтел гради со ист закон и договор ја демаскира хајката на ВМРО-ДПМНЕ

Хајката на ВМРО-ДПМНЕ против најголемиот инфраструктурен проект во државата за изградба на коридорите 8 и 10 Д е демаскирана, стои во соопштението од СДСМ.

„Со истиот посебен закон и со истиот договор конзорциумот Бехтел и Енка гради и во Србија, каде што државните власти вчера пуштија во употреба дел од автопатот на Моравскиот коридор.

И кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, се потпиша договор со истата компанија за изградба на коридорите 8 и 10Д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација.

ВМРО-ДПМНЕ е против секој успех и напредок на државата и од политички и лукративни причини води хајка против изградбата на коридорите и против Бехтел и Енка, која се базира на лаги и невистини“, велат од СДСМ и додаваат:

„Лагите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не можат да ја запрат изградбата, туку само ја поскапуваат и го продолжуваат рокот за завршување на штета на граѓаните и на државата“.



Слични Објави