СДСМ: СИТЕ ИНСТИТУЦИИ АКТИВНО РАБОТАТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

Вести Истакнато Македонија

Последиците од 11 годишното игнорирање на проблемот со загадувањето и системското уништување на зеленилото и животната средина од страна на ВМРО-ДПМНЕ се уште се чувствуваат, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

За разлика од таквиот неодговорен и игнорантски однос на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ денес, сите надлежни институции, Владата, наделжното министерство, Град Скопје, општините активно се вклучени во решавање на проблемот со аерозагадувањето.

Борбата против загадувањето е секојдневна, континурано се преземаат мерки за решавање на долгогодишниот проблем и за санкционирање на загадувачите.

Општина Гази Баба во текот на вчерашниот ден заплени еден тон отпадни гуми планирани за греење. Ова е само една од мерките што оваа општина и надлежните инспекции ги преземаат против загадувањето.

Заедно со Инспекторатот на Град Скопје, Јавното комунално претпријатие и МВР, општина Гази Баба спроведе слична акција на дивата депонија Вардариште заплени уште еден тон стари и уништени гуми што се палеле на отворен простор.

Засилено се расчистуваат диви депонии низ сите општини низ државата и се санкционираат загадувачите.

Коритата на реките и каналите редовно се чистат од наноси на смет, градежен шут и комунален отпад.

Се преземаат акции за рачно миење на градските улици и булевари за намалување на прашината и ситните честички, а во училиштата се поставуваат прочистувачи на воздух.

Уште серија на други мерки се преземаат низ здружена и координирана активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздух.

Интензивно се обновува зеленилото, се засадуваат дрвја, се прават заштитни зелени појасни, се набавуваат нови еколошки автобуси, се обновуваат фасадите, се заменува греењето на училиштата со еколошки енегенси, се субвинционираат граѓаните за еколошко греење, еко возила  и многу други конкретни мерки.

Претстои уште многу работа, проблемот не може да се реши одеднаш, но сериозно и посветено се работи за намалување на загаденоста на воздухот, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.