|

Сè поизвесно дека УЈП излегува на генерален штрајк, нема абер од помирувањето ниту денеска

Синдикатот на УЈП ќе стапи во генерален штрајк ако не се најде решение за нивното барање за зголемување на платата за 30 отсто.

Од Синдикатот информираа дека чекаат да ги повика помирувачот на разговор по што за 5 до 6 дена, според нивните очекувања, би завршила процедурата за помирување.

Во спротивно, како што велат од Синдикатот на УЈП, ќе се активира одлуката за генерален штрајк, при што ќе ги искористат сите можности што им се на располагање.



Слични Објави