СЕЛА НЕМА ДА ВЛЕГУВА ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВ И АХМЕТИ

//

Во интервју за Алсат М, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села истакна дека неговата партија нема да стане дел од владината коалиција без предвремени парламентарни избори.

Според Села, Весел Мемеди бил искористен од Заев и Ахмети.

„ Тоа што се случи со г. Мемеди е едноставно… беше искористен и не беше веќе од корист за г. Ахмети и г. Заев. Реално, дали се сеќавате која беше неговата задача? Неговата задача беше тој да биде 61-от пратеник за да ја извади од коалиција Алијанса за Албанците. Ова не беше проблем за нас, нели? Но, ете работите се повторуваат. Поговорката вели – што ќе сееш тоа ќе жнееш“, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во интервјуто.





Претходна статија

(ВИДЕО) Љ. ОГЊАНОВ: ДОДЕКА УЧИМЕ ШТО Е КОМУНИЗАМ, ЗАБОРАВИВМЕ ШТО ЗНАЧИ ДЕМОКРАТИЈАТА

Следна статија

СДСМ: ОД ДЕНЕСКА СТАРТУВА МЕРКАТА ЗА ПОВРАТОК НА ДДВ

Најново од Вести