| |

Семејството на донатор на органи од Бугарија му даде шанса за нов живот на пациент во Полска

Донаторска ситуација e реализирана од тимот на најголемата болница за спешна и интензивна нега во Бугарија „Н. И. Пирогов“. Донaтор на органи, му даде шанса за живот на полски пациент кој чека трансплантација во Централната клиничка болница во Варшава, јавува бугарскиот информативен сајт Актуелно.

Ова стана возможно откако на 19 ноември роднините на 79-годишна жена со мозочна смрт донесоа благородна одлука да ги донираат органите и да и дадат живот на други луѓе.

Поради недостиг на соодветни приматели во Бугарија, црниот дроб бил доставен до полскиот центар за координација на трансплантација, Варшава, преку меѓународна размена на органи во Европската унија. При експлантација на органот, лекарите од УМБАЛСМ „Н. И.Пирогов“ му асистирале на полскиот медицински тим.

Координатори на донаторската ситуација од страна на болницата „Пирогов“ биле д-р Христо Христов и д-р Кирил Пенчев.

Министерството за здравство и ВР „Медицински надзор“ изразуваат искрено сочувство до роднините на жената и изразуваат благодарност и почит за благородната одлука донесена во тежок момент за нив.

Ја изразуваме нашата благодарност и до тимовите на медицинските установи вклучени во процесот на донација и трансплантација, велат од бугарското министерство за здравство.

Од почетокот на годинава до сега во Бугарија се случиле 20 донаторски ситуации.



Слични Објави