| |

23 студенти и 6 ученици ќе добијат парична помош од иницијативата на бугарскиот претседател „Поддржи еден сон“

Еднократна парична помош за образование во рамки на иницијативата „Поддржи еден сон“ ќе добијат 23 студенти во прва година и 6 одлични ученици во 12 одделение, информираат од прес-службата на бугарскиот претседател.

Оваа есен стипендијата за студенти е 3.550 лева, а за ученици – 1.760 лева. 16 од студентите и учениците се од социјални домови или згрижувачки семејства, а останатите 7 ученици се со оштетен вид или слух.

Администрацијата на бугарскиот претседател во последните 7 години обезбеди еднократна парична помош на 153 студенти и 43 одлични ученици од загрозени категории. Овогодинешната донаторска кампања собра 108.836 лева, јавуват од прес-службата на „Дондуков 2“.



Слични Објави