ЗАЕВ: ПРИСТИГНУВА ПРОЛЕТТА И СЕРИОЗНА РЕФОРМА НА СДСМ

//

За првпат во тридецениското постоење на плурализмот во нашава земја, токму членовите на СДСМ испишаа историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој беше реизбран на функцијата.

„ Ја примив вашата порака. Укажувањето на честа по трет пат да ја извршувам должноста, да бидам прв меѓу еднаквите во мојот СДСМ. Гласаа денеска 61.977 членови, од кои 60.840 гласаа ЗА, а 888 гласале ПРОТИВ и 249 беа неважечки ливчиња, излезноста беше 90%. Чувствувам голема одговорност и обврска да ги оправдам Вашите очекувања. За СДСМ, но и за нашата татковина.

Се обврзувам пред вас, ќе сторам се’ достојно да ја предводам СДСМ и во наредниот период. И во следните четири години СДСМ да остане одлучувачка сила и моќен погон, локомотива кој ќе го движи целото општество напред и само напред!

Денес со право сте горди, бидејќи заедно испишавме историја! Во годината во која одбележуваме 30 години од независноста на државата, СДСМ е повторно прв во промените! Ние уште еднаш потврдуваме дека сме првата партија во реформите, модернизирањето и унапредувањето на севкупните демократските процеси. СДСМ ја подигна својата внатрепартиска демократија на највисоко ниво.

Правото не секој член слободно и демократски да гласа ЗА или ПРОТИВ изборот или реизборот на претседателот на партијата не е само врвен демократски дострел, туку предвесник на промените на менталитетот на македонскиот политички плурализам.



Пристигнува пролетта, а велат дека таа е најубавото годишно време во годината, кое носи нови промени и значајни нешта. Трите пролетни месеци: март, април и мај ги одбележуваме со значајни поглавја во нашето постоење и делување. Еве, во март се случја први директни внатрепартиски избори. Во април без многу помпезности ќе го одбележиме јубилејот-30 години СДСМ, а во мај не очекува и новиот конгрес.

Ја користам приликата, во првите мигови од мојот реизбор за Претседател на СДСМ уште еднаш јавно да се обврзам: следува НОВА ПОЛИТИКА. Доаѓањето на пролетта го означува почетокот на нашата ПРОЛЕТНА ОФАНЗИВА ЗА НОВ ПРЕСВРТ НА ПОЛИТИЧКОТО ДЕЛУВАЊЕ НА СДСМ И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Следува сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ, ќе внесеме нова енергија во нашите редови, ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започната борба против високата корупција и организираниот криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓани.

СДСМ ќе продолжи да се менува за уште подобро да им служи на граѓаните. Сите заедно ќе продолжиме по патот кои заедно започнавме да чекориме. Станаваме полноправна членка на НАТО Алијансата, се движиме кон полноправно членство и во ЕУ. Продолжуваме да ја градиме нашата Татковина во дом за сите граѓани, просперитетна и европска земја“ порача Заев.

Претходна статија

СООПШТЕНИ ЕВРОПСКИТЕ НАГРАДИ ЗА ДРАМСКИ ПРЕВОД ЗА 2021 ГОДИНА

Следна статија

УКИНАТА ЗАБРАНАТА ЗА КАМИОНИ НА СТРАЖА, ЃАВАТО, ПЛЕТВАР И ПРЕСЕКА

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување