СЕМЈОН МОГИЛЕВИЧ-НАЈВЛИЈАТЕЛНИОТ ЧОВЕК ВО ПОДЗЕМНИОТ СВЕТ НА ЕВРОПА

Можете ли да замислите ситуација во која вашето досие е полно со тешки криминални дела, но сепак сте слободен човек, почист и од ангел.

Тоа е историјата на рускиот милијардер Семјон Јодкович Могилевич. Неговите успеси во трговијата со дрога го испраќаат славниот Пабло Ескобар на скромното второ место во вечната ранглиста на трговци со наркотици.

Семјон Могилевич е обвинуван за сѐ, од купување на авионска компанија со цел трговија со хероин до продажба на нуклеарно оружје. Неговата кариера почнува во почетоците на 90-тите години, а неговите брзи успеси ќе му ја донесат титулата „лидер на црвената руска мафија“, а често пати е нарекуван и „најголемиот гангстер во светски рамки“.

Луѓето на Могилевич се занимаваат со рекер, транспорт на огромни количини дрога, трговија со оружје, трговија со бело робје и секако нарачани убиства.

Семјон Могилевич се наоѓа во списокот со опасни за државата луѓе на Израел, а е непожелен гостин речиси во секоја една земја од источна Европа.

Могилевич и неговите луѓе раководат во сенка со неколку руско-украински компании за гас, а за самиот Семјон се тврди дека имал контакти со Доналд Трамп и Владимир Путин. Могилевич се наоѓа во списоците со најбарани криминалци на ФБИ, но тоа не му пречи да живее како слободен човек во Москва.

Семјон Могилевич е роден во 1946 г. во Киев, Украина (тогаш во рамките на СССР), неговите родители се Евреи. Првите чекори на нашиот херој во криминалниот свет стартуваат во најмала детска возраст, а до 80-тите години на минатиот век Могилевич веќе два пати бил во затвор заради измами на руски државјани со лажни визи за Израел.

Во средината на 90-те години на минатиот век Могилевич соработува тесно со босот на руската мафија Вјачеслав Иванков- Јапончик и големиот играч во сферата на перењето пари Моња Елсон. Во тоа време Могилевич живее во Израел и е набљудуван од МОСАД.

Во Прага заедно со својата сопруга Каталина Пап создава ланец ноќни клубови, кои биле прекрасно прикритие за неговиот бизнис со проститутки. Успева да стави рака и врз трговијата со злато во Москва и цела Украина. Во тоа време соработува со познатата мафијашка фамилија Солнцевскаја, а исто така успева да добие и лиценца за трговија со оружје.

Могилевич не застанува овде. Тој купува цела авиокомпанија за да може без никакви проблеми да врши транспорт на тонови хероин. Во одреден период контролира сѐ што слетува и заминува од аеродромот Шереметиево. Во тоа време аеродромот станува рај за трговците со наркотици и шверцерите.

ФБИ води истрага против Могилевич заради неговото учество во голем број финансиски пирамиди со цел перење пари, но Семјон е итар играч. Тој веќе соработува со тајните служби на Унгарија и Германија и е нивен информатор.

Во 1998 г. ФБИ соопштува дека Могилевич контролира повеќе од 250 луѓе на високи позиции во мафиите на цела Европа. Тоа го прави еден од највлијателните луѓе на светот.

Интересно е да се напомене дека до своето апсење во 2008 г. Могилевич бил важен играч во трговијата со гас во Русија. Во 2009 г. Семјон Јодкович ја плаќа својата гаранција и на слобода го чека својот судски процес за даночно затајување.

Во моментот Могилевич живее слободно во Москва, бидејќи Русија одбива да го екстрадира во САД. Според непотврдени информации рускиот мафијаш е близок со Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Самиот Могилевич тврди дека руска мафија во САД не постои бидејќи нема ниеден доказ дека таа е реалност.