СДСМ: МИЦКОСКИ НЕ МОЖЕ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ЛАЖЕ

//

Штом Христијан Мицкоски зине – лаже. Лажеше Мицкоски дека немало доволно тестови за корона, лажеше дека немало заштитна опрема за лекарите, лажеше дека 140.000 па 100.000 граѓани останале без работа во време на пандемијата.

Денеска Мицкоски лаже дека 60.000 граѓани останале без работа поради кризата со коронавирусот.

Официјални податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека на само што нема 60.000 нови лица без работа, туку и дека бројот на вработени во последниот квартал од 2020 година е зголемен во однос на третиот квартал од истата година. Стапката на невработеност пак во последниот квартал од 2020 година изнесува 16.1 отсто и е помала во споредба со последниот квартал од 2019 година кога изнесувала 16.5 отсто.



Мицкоски не може да престане да лаже и не може да престане со обидите да му наштети на здравствениот систем. Граѓаните тоа го препознаваат и затоа шест пати го казнуваат на избори и затоа тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат опозиција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Претходна статија

1.135 КОВИД-ПАЦИЕНТИ СЕ ЛЕКУВААТ ВО БОЛНИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАТА, СЛОБОДНИ СЕ 280 КРЕВЕТИ

Следна статија

УХМР СО ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: ОД УТРЕ СНЕГ И ТЕМПЕРАТУРИ ПОД НУЛА

Најново од Вести