|

Севернокорејците не се видени во Курск со недели, велат јужнокорејските разузнавачи

Севернокорејските сили распоредени во рускиот регион Курск „не учествуваат во борби“ од средината на јануари, изјавија денеска за АФП јужнокорејските разузнавачи, потврдувајќи ги претходните украински извештаи.

„Се чини дека од средината на јануари, севернокорејските сили распоредени во регионот Курск во Русија не учествуваат во борбите“, соопшти јужнокорејската Национална разузнавачка служба. „Една причина може да биде големиот број жртви, но точните детали се уште се истражуваат“, додаде изворот во изјавата.

Украинската војска во петокот соопшти дека верува оти севернокорејските трупи кои се борат заедно со руските војници на фронтот во регионот биле „повлечени“ откако претрпеа големи загуби.

Според Киев, 12.000 севернокорејски војници, меѓу кои „околу 500 офицери и тројца генерали“ се распоредени во овој регион, каде што украинската армија од август окупираше неколку стотици квадратни километри. Ниту Русија, ниту Северна Кореја не потврдија дека овие војници се приклучиле на руската армија.



Слични Објави