ШАРАПОВА НЕ Е СИГУРНА ВО СВОЈАТА ИДНИНА ПО ЕЛИМИНАЦИЈАТА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН
Марија Шарапова доживеа елиминација во првото коло на Австралија опен, откако утринава загуби од Дона Векиќ со 6-3 и 6-4.
Русинката доби вајлд-карта за настап на првиот сезонски грен слем, но очигледно е дека таа и натаму има проблеми со повредата на рамото. Ова е нејзин втор настап на турнир по ланскиот Ју Ес опен кога исто така загуби во првото коло, тогаш од Серена Вилијамс.
По денешниот пораз, Шарапова на најновата ранг-листа на ВТА ќе падне на дури на 366-тото место. По натпреварот беше запрашана дали можеби 15-тиот настап во Мелбурн е и нејзин последен, Русинката не можеше да даде сигурен одговор.
„Не знам, навистина не знам. Бев многу среќна што се најдов тука во главната ждрепка благодарение на организаторите кои ми доделија специјална покана и да бидам дел од овој турнир. Навистина ми е тешко да кажам што ќе се случи во следните 12 месеци“, изјави Шарапова.
Извор: Спорт1