НИКОЛОВСКИ: СИТЕ ИЗБРАНИ И ИМЕНУВАНИ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ ЌЕ ЈА ДОНИРААТ РАЗЛИКАТА ВО ПЛАТА НАД 14.500 ДЕНАРИ

/

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, најавува дека сите избрани и именувани функционери на СДСМ, својата разлика во платата над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за справување со корона вирусот, пренесува Фокус.

-По срамната одлука на Уставниот суд, соопштувам дека сите избрани и именувани функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за помагање на граѓаните и борбата против коронавирусот.

Во духот на солидарноста министри, пратеници, заменици-министри, државни секретари, директори на претпријатија и останати функционери на СДСМ ќе земаат минимална плата од 14.500 денари, без оглед на одлуката на Уставниот суд.

Разбираме низ што поминуваат граѓаните и заеднички, со меѓусебно помагање ќе се избориме со сите предизвици.



Справувањето со економските последици предизвикани од коронавирусот бараат посветеност, одговорност и пред се солидарност од сите нас.

Како партија, како одговорони поединци продолжуваме да работиме единствено за интересите и во интерес на граѓаните.

Заеднички ја надминавме и ја надминуваме здравствената, заеднички ќе ја надминеме и економската криза и овие предизвици, посочи Николовски.



Претходна статија

ЗА 4,5 ОТСТО НАМАЛЕН БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТ

Следна статија

БУЧКОВСКИ: НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА СМЕНИМЕ ИСТОРИЈАТА, ИМАМЕ МНОГУ ЗАЕДНИЧКИ ИСТОРИСКИ ЛИЧНОСТИ СО БУГАРИТЕ

Најново од Вести