ЗА 4,5 ОТСТО НАМАЛЕН БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТ

/

Бројот на работниците во индустријата во март годинава, во однос на истиот месец лани е помал за 4,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика, пренесува Плусинфо.

Бројот на работниците во март бележи опаѓање во секторите: „рударство и вадење на камен“ од 1,6 %, „преработувачка индустрија“ од 4,8 % и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ од 0,5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 0,9 %, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 6,3 %, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 9,0 % и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,8 %, додека пораст од 0,3 % бележи кај „капитални производи“.



Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ март 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ март 2019 година, е помал за 3,6 отсто.

Претходна статија

СЗО СО ПОФАЛБИ ЗА ШВЕДСКИОТ ПРИСТАП КОН ПАНДЕМИЈАТА – ТОА Е МОДЕЛ ЗА ИДНИНАТА

Следна статија

НИКОЛОВСКИ: СИТЕ ИЗБРАНИ И ИМЕНУВАНИ ФУНКЦИОНЕРИ НА СДСМ ЌЕ ЈА ДОНИРААТ РАЗЛИКАТА ВО ПЛАТА НАД 14.500 ДЕНАРИ

Најново од Вести