| |

Шефицата на бугарската дипломатија Петрова ќе го посети Берлин, каде што ќе се сретне со својот германски колега Вадефул

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, на 14 октомври ќе престојува во работна посета на Берлин, каде што ќе се сретне со својот германски колега Јохан Вадефул, се наведува во соопштение испратено до БТА од Министерството за надворешни работи.

Двајцата министри ќе разговараат за прашања од билатералните односи и за актуелни теми од меѓународната и европската агенда, меѓу кои безбедноста во Црното Море, поврзаноста и проширувањето на ЕУ.

Потоа Петрова и Вадефул ќе одржат заедничка прес-конференција за претставниците на медиумите, соопштија од прес-службата на Министерството за надворешни работи.

Слични Објави