| |

Шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова: МНР не учествуваше во враќањето на Ива Михајлова во Бугарија

Министерството за надворешни работи на Бугарија (МНР) не било известено за враќањето на Ива Михајлова и за дејствијата преземени од нивна страна. „На никаков начин не учествувавме во нејзиното враќање во Бугарија“, објасни пред новинарите во Луксембург министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова. „Важно во случајов е таа да добие можност за соодветно лекување и тоа да ѝ биде обезбедено што е можно поскоро“, додаде таа, пренесува Actualno.com.

Таа обрна внимание на фактот дека во еден „хуманитарен случај, за кој немаше реакција во РСМ, се прибегнало кон одредени очајнички постапки“.

Министерката за надворешни работи потсети дека прашањето било покренато на највисоко ниво – како од страна на Министерството за надворешни работи на Бугарија, така и од страна на премиерот и претседателката на земјата.



Слични Објави