ШЕФОВИТЕ НА ЕУ ГО ПОТПИШАА ДОГОВОРОТ ЗА BREXIT

Двајцата високи официјални претставници на Брисел, претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, денеска го потпишаа договорот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Со официјално одобрување на Урсула фон дер Лаејн и Шарл Мишел, текстот ќе биде доставен до Европскиот парламент на 29 јануари за ратификација. Потоа, во четврток (30 јануари), дипломатите од земјите-членки на ЕУ ќе го одобрат писмено договорот, гарантирајќи дека Велика Британија ќе ја напушти Унијата на полноќ на 31 јануари 2020 г.