| | |

(Видео) Порталот „Трибуна“ премиерно го прикажува документарниот филм „Под присмотра“ на интернет-порталот ФАР

Порталот „Трибуна“ премиерно го прикажува документарниот филм „Под присмотра“ од најновата продукција на Интернет-порталот ФАР од Цариброд (Димитровград), Република Србија.

Станува збор за документарна приказна за ФАР, мултимедиумски двојазичен медиум на бугарски и српски јазик, чиј пат од основањето во 2016 година до денес бил трнлив и исполнет со предизвици, но и со професионализам и витешка медиумска борба, покажувајќи дека слободата на говорот е едно од основните човекови права во демократското општество.

Во изминатите 10 години ФАР се соочувал со низа пречки и проблеми, а со овој филм го претставил не само статусот на медиумите на бугарски јазик во Србија и состојбата во ФАР, туку и лошата положба во медиумската сфера на професионалните, независните и објективните медиуми.

„Во своето десетгодишно работење ФАР ги следеше сите важни настани од различни општествени сфери, како и проблемите со кои се соочуваат граѓаните, а посебно внимание се посветува на зачувувањето на идентитетот, јазикот, традицијата и културата на бугарската заедница во Србија. Медиумот со седиште во Цариброд и со дописници од Босилеград, Ниш, Белград, Софија и други градови се претвори во простор за дијалог, размена на мислења и конструктивна критика – место каде што граѓаните можеа да најдат информации што често им беа недостапни во другите медиуми“, изјави за „Трибуна“ Петар Виденов, главен и одговорен уредник на ФАР.

Петар Виденов, главен и одговорен уредник на ФАР

Во филмот „Под присмотра“ учествуваат познати новинари од Србија и од бугарската заедница во оваа земја, медиумски експерти, аналитичари, правници, претставници на ФАР и студенти: Веран Матиќ, Тамара Филиповиќ Стевановиќ, Динко Грухоњиќ, Бранка Драговиќ, Велко Милиќ, Верица Маринчиќ, Никола Кочовиќ, Недим Сејдиновиќ, Славиша Миланов, Петар Виденов, Сергеј Иванов, Марта Добошаревиќ, Борис Станишиќ и Огнен Беќировиќ.

Филмот е изработен во декември 2025 година во рамките на истоимениот проект, кој е финансиран со средства од Програмата за поддршка на бугарските заедници, организации и медиуми во странство за 2025 година на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија. Ставовите изразени во поддржаниот проект не е нужно да ја одразуваат позицијата на органот што ги доделил средствата.

Екипата на филмот „ПОД ПРИСМОТРА

Лектура
Кирил Георгиев

Новинар-филолог
Александар Тодоров

Истражувачки новинар
Љубомир Филипов

Наратор
Петар Виденов

Администратор
Саша Радивоев

Техничка поддршка
Небојша Виденов

Графички дизајн
Милана Виденов Миланов

Сценарист-соработник
Даниела Апостолов Виденов

Камера
Стефан Павиќ

Монтажа
Микица Костов

Продуцент
Славиша Миланов

Сценарист и режисер
Петар Виденов

Продукција
ФАР ТВ
2025

Слични Објави