|

Шекеринска: Нема да учествувам во следната влада

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е децидна дека нема да учествува во следната влада која ќе ја формира парламентарното мнозинство на чело со Социјалдемократскиот сојуз.

-Пред 8 месеци одлучив да се повлечам од раководството на СДСМ затоа што се согласував со сопартијците. Дел од политиките на СДСМ придонесоа да загубиме на локалните избори. Нема да учествувам во следната влада зошто нема промена на политиката, рече министерката Шекеринска, пренесува Слободен печат.

Што понатаму, Шекеринска не одговори децидно, но рече дека ќе размисли по повлекувањето од министерската функција.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави