ШЕСТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЌЕ ИМ БИДАТ ПОДЕЛЕНИ НА 800 ТЕНИСЕРИ И ТЕНИСЕРКИ

Апелот на голема група тенисери вроди со плод бидејќи тие немаат приходи во моментов затоа што сите турнири се прекинати поради пандемијата. Како што беше најавено повеќе пати, формиран е фонд за спас на тие тенисери и тенисерки, па вкупно 800 од нив ќе поделат шест милиони долари.

„Би-би-си“ објави дека на сметка на фондот досега биле собрани шест милиони долари, а најмногу пари донирале АТП, ВТА и ИТФ, но и некои од најголемите тениски имиња меѓу кои Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј. Исто така, помош пристигна и од Австралијан опен, Ролан Гарос, Ју-Ес Опен и Вимблдон.

Имаше и такви кои не беа расположени да донираат за загрозените колеги, а еден од нив беше и Доминик Тим.

Извор: Спорт1



Слични Објави