„УМЕТНИЧКИ ДНЕВНИЦИ“ НОВ ПРОЕКТ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА

Националната галерија, во периодот на изолација кога се затворени за посета галериски простори започна нов проект „Уметнички дневници“ преку кој на социјалните мрежи презентира кратки видеа снимени во самоизолација од стана на македонски уметници.

-На наша покана, целта на една ваква активност е да го приближиме нивното секојдневие до вас, да споделуваме, да сочувствуваме, да се израдуваме на виртуелна средба со авторите и нивните дела, со цел побрзо пребродување на овој изолациски период и до скора средба во храмовите на уметноста, велат од Националната галерија.

Најавуваат дека интересена ќе биде втората половина од оваа 2020 година.

-Во периодов се испишуваат нови редови во светската и македонската современа уметност на тема креативна „корона“ (хипер)продукција, ќе постави многу прашања, ќе даде многу одговори, сосема нов оригинален, непретпоставуван дискурс, потенцираат од Националната галерија.



Прво од серијалот „Уметнички дневници“, прецизираат, е видеото на нашата уметничка Дијана Томиќ.

– Напуштени градови, природа која повторно почна да се обновува, празни улици… во почетокот и некој страв кој не доведе до самоповлекување и анализа, кои сме ние! Со оваа изолација всушност влегов во некои истражувања и експерименти на теми кои радуваат, моментот кога природата почна да го освојува просторот повторно, вели меѓудругото Томиќ во видеото.

Претходна статија

ОНЛАЈН МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ 2020

Следна статија

„МАКЕДОКС“ ПОЧНУВА ПАРТНЕРСТВО СО ТРИ ЕТАБЛИРАНИ ФЕСТИВАЛИ ЗА ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

Најново од Култура