Шпагети- вестерн фром Норт Маседониа
Пишува: Ели Секуловска
Пред два дена, на една од националните телевизии, историчарот Бранислав Светозаревиќ ја презентираше неговата најнова апсудрна книга „Писма на Љубомир Милетиќ до Афанасиј М. Селишчев“. Видно возбуден, Светозаревиќ, муцкајќи во својот говор, рече дека заради неговото најново откритие доживел таква интелектуална екстаза како никогаш досега !
Имено, Светозаревиќ открил дека големиот руски славист, Афанасиј Матвеевиќ Селишчев во своето прво дело напишал дека во полошкиот крај на територијата на тогашна географска Македонија, (значи крајот на 19 и почетокот на 20 век ), јазикот што го зборувало мнозинството од населението, бил чист македонски!
Такво дело во руските архиви- не постои.
Но, пазете сега, Светозаревиќ претпоставува дека на исражувањата на Селишчев реагирал големиот славист Љубомир Милетиќ ! Имено според претпоставиките на Светозаревиќ, Милетиќ отишол кај Селишчев и му потшепнал на увото – ако може малку да ги преправи истражувањата и во своето дело да напише,наместо македонски, да стои – бугарски!
Затворен во евтиниот конформизам на Dolce stile provinciale, Светозаревиќ настојува да ги претстави двајцата големи интелктуални габарити во областа на филологијата, посебно во областа на славистиката, Селишчев и Милетич како евтини и ситно поткупливи малогаѓани кои тукутака ги преправале своите макотрпини интелектуални истаржувачки трудови. Притоа, да се претстави себеси како некаков си светол, чист и неприкосновен интелектуален габарит!
Егзалтиран од своето „откритие“, Светозаревиќ, кој патем е историчар, сега се преставува и како славист, па мисли дека славистичките факти се во доменот на неговата лична „прчија“, дека е суверен и дека никој нема право да му противречи!
Светозаревиќ ги нашол писмата на Милетиќ до Селишчев кои ги презентира во неговата најнова книга,( треба да се најде архивскиот извор од каде се најдени тие писма), во кои се насетувало, пазете, се насетувало дека имало тука нешто “нечисто”, некаков си таен заговор против македонштината од страна на Селишчев и Милетиќ, поточно Селишчев бил под влијание на Милетиќ !
Е сега Логосот, оној најелемнтарен логос, се прашува и бара одговори:
1. Светозаревиќ, пред целата јавност да презентира било каков документ, писмо или пишан збор на македонски јазик, а истиот да датира од периодот пред 1944 година, !
2. По стоти пат, прашуваме – зошто сите Илинденци како и целата македонска интелектуална елита, како и 70% од настраданите асномци, УДБа ги судеше како Бугари?
3. Доколу се алудира дека Милетиќ и Селишчев биле „поткупени“, зарем и другите патеписци, новинари, истражувалчи од Европа, кои тогаш известувале, биле поткупени?
4. Зарем во Битола немало странски конзули кои известувале на каков јазик зборува тогашното месно население?
5. Зарем во турските архиви што се наоѓаат во Истанбул, не пишува детално и прецизно на кој јазик се зборувало и кои биле Илинденците и комитите?
Секако дека ниту овој пат, одговор – нема да добиеме.
Историјата не може да се испише наназад, не може да се реконструира како што не може да се реконструира ниту времето, ниту сеќавањето. Тоа би било само нова фикција, нова реалност, нов ентитет, сосема ново дело.
Историчарите, посебно од Институтот за национална историја, треба да пишуваат врз основа на истржаувања, врз основа на дедукован логос. Затоа што зборот логос има пишироко значење: збор, говор, вистина, квалитет, ред, разум, ум, учење, вистинско учење, закон, мерка, постапка, доказ. Логосот во својата севкупност на значењето- како материја, како градба врз која се врши трансформација, трансмутација, што ќе доведе до логични заклучоци.
Почнувајќи од елемнтарните вистини кои треба да се прифатат како такви, па консеквентно на сето тоа, да се дојде до емпириски збир на сите тие настани кои не смеат да трпат пормена. Но, наместо вистина и логички след, исторчарите ни прикажуваат неразработен и нелогичен историски емпиризам, а истиот ризикува да дојде до деформција наместо да дојде до структурата на целината.
Над 70 години сме сведоци на различни варијации во интепретацијата на историјата пред 1944 година. За пишувачите на историјата од овие простори, консекветноста на историските настани врз нив нема никакво влијание, туку тие делуваат самостојно, сосема вонвременски , анахроно, на маргините на светската историја.
Еднаш пишуваат дека револуционерите од Македонија биле тотално неписмени, дека биле Бугари, за потоа да пишуваат дека биле Македонци и дека некој сакал да им ги земе! Сето наликува на хистерија, топло ладно, актив-пасив однесување.
Па во еден нискобуџетен шпагети вестерн имате повеќе консекветност, последнователност, и логичка конструкција во начинот на презентирање на настаните.
Оваа апсурдна “камиевска” сцена ќе им послужи на следните генарции како сведоштво на едно време во кое „малите богови“, институционализирани под капата на Коза Ностра, своеволно си поигрувале со вистината како ќе им текне. Ќе се чудат за декаденцијата на вкусот, вредностите, моралните и етичките и начела, а како и на своеволието.
Според Хеберт Спенсер, општествата на „малите богови“:, историјата покажала дека најлесно и најбрзо се распаднале. Но,штетата што ни ја нанесоа, а и се уште мислат дека ќе ја нанесуваат, е огромна. Ќе треба време , можеби со декади , сето тоа да се поправи.

