|

Одбележуваме 1108 г. од упокојувањето на Св. Климент Охридски

На 27-ми јули 916 г. речиси на осумдесет годишна возраст умира Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ:

“На соборот во Преслав (893 г.) Климент бил избран за „прв епископ на Бугарскиот јазик“. Како свештеник и епископ тој неуморно работел 30 години (886-916 г.) за утврдување на христијанската вера среде својот народ. Дење тој обучувал деца и младежи, а ноќе се молел и пишел: преведувал книги од грчки на Бугарски јазик; составил проповеди за празници, кои што сам ги произнесувал или неговите ученици ги прочитувале пред новопокрстениот Бугарски народ. Изградил цркви и манастири. Со молитвата извршувал многу чуда. Тој ја упростил глаголицата и ги составил буквите на така наречената словенска азбука „кирилица”. Само во западната половина на тогашната Бугарија св. Климент имал околу 3500 ученици, кои примиле свет сан и постепено го изместиле од Бугарија грчкото духовенство со неговиот неразбирлив за простиот народ грчки јазик. Кога си приготвил предвремено гроб во основаниот од него манастир „Св. Пантелејмон”, св. Климент починал на 27 јули 916 година.“

ПРОСТРАНО ЖИТИЕ НА КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, Теофилакт Охридски, ХI век

“…Тој велик наш отец и светилник на Бугарија беше по род од европските мизи кои народот најчесто ги знае како Бугари. Тие биле раселени во античко време од воената сила на Александар од Олимп, лоциран во близина на Бруса кон Северниот океан и Мртвото море и од кога поминало многу време го преминале Дунав со страшна војска и ги зазеле сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик, и голем дел од Македонија и Тесалија.

…бил поставен од Методиј за епископ на цела Илирија и на Бугарскиот народ, кој што ја владеел областа.

…Пронашол и други форми на буквите за поголема јаснотија од оние, кои ги пронајде мудриот Кирил.“

КРАТКО ЖИТИЕ НА КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, Димитри Хоматиан, XIII век

Слични Објави