ШПАНСКАТА ВЛАДА ПОБАРА ИТНА ПОСТАПКА ОД ПАРЛАМЕНТОТ, РАТИФИКАЦИЈАТА ДО 12 ФЕВРУАРИ НЕИЗВЕСНА
Владата на Шпанија го одобри и го достави на усвојување во парламентот протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.
– Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како сојузник во НАТО за прием на Македонија во Алијансата, се вели во образложението на шпанската влада.
Сепак, според проценките, речиси е невозможно завршувањето на процедурата до 12 февруари, за кога се најавува распуштање на македонското собрание.
Овој потег на владата во Мадрид е само прв чекор во процесот кој сега треба да продолжи – прво во Долниот дом, а потоа и во Сенатот на шпанскиот парламент.
Во случај шпанскиот парламент да не стигне со ратификацијата, македонското собрание пред распуштањето ќе изгласа предвремена ратификација на членството во НАТО, како последен чекор за Македонија да стане 30 та земја членка на Алијансата.