ВМРО-ДПМНЕ/АА-ААА спремни за соработка на локалните избори – Азири не ја исклучува можноста за соработка во првиот круг

На овие локални избори може да се очекува соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива, тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Не нè посочи точно во кој круг.

Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива не ја исклучува можноста за соработката. Додека Мицкоски се уште не открива во кој круг може да соработуваат со албанската опозиција, Елми Азири од Алијансата за Албанците, не ја исклучува можноста за соработката во првиот круг.

„Ништо не е исклучено. Може да има соработка од првиот круг, зошто да не?! Но, моментално не можам да кажам ништо конкретно, бидејќи навистина немаме ништо конкретно, но соработката не е исклучена и од првиот круг“, вели Елми Азири. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави