ШТИП СОБИРА ПАРИ ЗА ДА ГО ПОМОГНЕ ЛЕКУВАЊЕТО НА СВОЈ СОГРАЃАНИН

Од вчера низ Штип се поставени кутии за собирање на парични средства за лекување од Ковид-19 на 54 годишниот штипјанец Ристе Донев.

loading...

Донев шест дена се лекувал во штипската болница, но откако здравствената состојба значително му се влошила, требало да биде хоспитализиран во Скопје. Бидејќи немало место на државните клиники, Ристе бил хоспитализиран во приватна клиника.

„За лекување на државно, пробавме секаде, па дури и преку министерот Филипче. Единствено место имаше во Козле, меѓутоа таму ми рекоа дека е за полесни пациенти и ништо не успеавме да направиме на државно и покренавме иницијатива за хоспитализирање во приватна клиника„ изјави неговиот син Михаило Донев за Алфа ТВ.


loading...

За лекувањето на Ристе Донев се потребни повеќе од 12 илјади евра, но тој и неговата сопруга се текстилни работници и немаат доволно сретства.