| |

Што би направил за РС Македонија (ако ја имав власта)?!

Пишува: Веселин Желев*

Што би направил во политиката кон РС Македонија, ако истата зависеше од мене?

Прво, ќе се потрудев да ја направам Бугарија модел за однесување и сонувано место за живеење. За да ја направиш таква за останатиот дел од Европа е тешко и бара многу време и пари. Да ја направиш таква за северните Македонци е возможно во блиска иднина.

Ќе прекинев да водам спорови за историјата и ќе заборавев безплодната мешовита комисија во таа област. Да дебатираш со македонисти, значи дека ги легитимираш. Ако се смета себе си за права (каква што фактички е) Бугарија нема за што да спори и да договара. Не може да се договараат фактите од минатото. Нашата држава треба да го постави прифаќањето на своите позиции, како услов кон нашите соседи, ако тие сакаат да го продолжат својот пат кон членство во ЕУ (како што направија Грците). Се разбира и да ги помага нашите браќа и сестри од другата страна на Деве баир, за тие да ги надживеат коминтерновските лаги и илузии од минатото, покажувајќи им поубава иднина без нив.

Ќе правев пропаганда. Тоа не е валкан збор. Нема политика без пропаганда-ниту внатрешна, ниту надворешна. Ако сериозно сметаш да спроведуваш одредена политика, задолжително е да имаш план како да ја покриеш со пропаганда.

Главната порака на бугарската пропаганда кон северните Македонци треба да биде насочена кон младите и да им покажува дека да бидеш Бугарин е подобра опција од таа да бидеш северен Македонец. Таа пропаганда треба да направи така што, нивните политичари, историчари, медиуми да замирисаат на мувла. Да бидат сметани како препрека кон нормалниот стремеж на младите да живеат подобро и да трчаат по своите соништа.

Зошто младите? Затоа што тие се иднината. Затоа што лесно го прифаќаат новото и немаат емоции кон старото. Затоа што тие го тргаат тепихот под нозете на старите, т.е. на статус квото.

Многу добри сме во симнувањето на нашите влади. Ајде да пробаме врз една туѓа-без да се мешаме во нејзините внатрешни работи, туку само ги охрабруваме. Како што BBC и „Слободна Европа“ го охрабруваа паѓањето на комунизмот, додека тој владееше и ги забрануваше.

Посакуваното место на живеење е едно за Американец и Германец и друго за северен Македонец, Молдавец или бесарабски Бугарин. Може ли Бугарија да понуди повеќе пари, поголема безбедност, повеќе слобода да патуваат, да прават бизнис, да учат? Може, доволно е да го посака тоа. Доволно е политичката класа во Бугарија да го посака тоа. Бугарија треба да ги користи предностите на членството во ЕУ, за да ги решава своите демографски прашања.

Ќе го отворев бугарскиот пазар на труд широко за печалбари од РС Македонија- посебно во секторите во кои бизнисот се жали на недостаток на кадри. Туризам, градежништво, земјоделие. Ќе ги отворев универзитетите за македонските студенти и ќе негував свое лоби во идната образовна класа во РС Македонија. Ќе ги охрабрував бугарските инвестиции и извоз и присуството на бугарската култура таму.

Ќе дадев пари за моќни трансмитери, а зашто да не и за користење на сателити на партнерски земји, за да ја покријам целата територија на РС Македонија со силен бугарски радио и тв сигнал. Ќе ги користев масовно социјалните мрежи. Ако денеска патувате по автопатот „Струма“, радиото во вашата кола ќе фати полесно српски и македонски радиостаници отколку бугарски (со исклучок на БНР и „Фокус“).

Ќе го поставев како ултиматум заедно со реалниот попис на населението, промена на уставот и признавање на Бугарите како државотворен народ и писмено откажување од територијални претензии и малцинства кај нас.

Ако овие барања не се исполнат, ќе ги искористев сите алатки за влијание, кои државата членка на ЕУ ги има на располагање. Вето врз процесот на влез, работа со другите земји членки за наметнување на финансиски мерки (одземање на фондови), јавни сослушувања во Европскиот парламент, остро набљудување врз мониторинговите мисии на ЕК во РС Македонија за време на припремата на извештаите за нејзиниот напредок.

Нашите претензии кон Скопје не треба да се ограничуваат со тоа што Западот, најтешко го разбира и од што најмалку се интересира-историјата. Посебно балканската историја кон која се однесува со лошо прикриен презир.

Би го поставил акцентот врз проблемите кон кои нашите партнери во стара Европа се посебно усетливи и кои секоја земја кандидат ги има: слаби институции и администрација, зависен судски систем, контролирани медиуми, корупција, лоша положба на човековите права и правата на малцинствата.

Би го прекинал малоумното бугарско самопонижување по тие теми. Корупција има во сите земји членки на ЕУ и нашата не е најголема, но ние сме единствените кои мазохистички ја вејат, а потоа се чудат зошто преговарачките позиции им се слаби, вклучително и кога се работи за „сила“ како РС Македонија.

* Веселин Желев е колумнист во магазинот и веб сајтот Клуб Z. Има 35 годишно искуство во новинарството, од кои 25 како дописник. Соработувал со ДПА и „Вестдојче алгемајне цајтунг“ (ВАЦ), Труд, Асошијетед прес, и др. Предава на Факултетот по новинарство во Софија. Бил е портпарол на бугарското претседателство со Советот на Европа во периодот јануари-јуни 2018 г.

Слични Објави