Шведска најави пакет воена помош за Украина од 200 милиони долари
Шведска ќе испрати нов пакет воена помош од 2,2 милијарди круни (200 милиони долари) за Украина, претежно составен од муниција и резервни делови за претходно донираните системи, изјави министерот за одбрана, Пал Џонсон.
Новиот пакет воена помош за Украина ќе биде 14-ти од почетокот на војната, со што вкупната вредност на помошта за оваа нордиска земја ќе достигне нешто повеќе од 22 милијарди круни.
Џонсон на денешната прес-конференција рече дека владата и официјално ги задолжила вооружените сили да анализираат дали Шведска ќе може да испрати борбени авиони „јас грипен“ во Украина.