|

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди Непал, земјата се стресе и во Индија

Два земјотреса го погодија западен Непал, а едно лице е повредено, јавува „Роџерс“.

Првиот земјотрес бил со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а вториот со јачина од 5,6 степени, соопшти Министерството за внатрешни работи на Непал.

Оштетени се згради, а активиран е и одрон, кој го блокира главниот автопат, наведува агенцијата.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, а тресењето на земјата било почувствувано и во делови на Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи.



Слични Објави