Оштетена е спомен плочата на загинатите бранители кај „Карпалак“
Министерството за внатрешни работи најостро го осудува оштетувањето на спомен плочата кај Карпалак поставена во спомен на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година и ја известуваме јавноста дека се преземаат сите потребни мерки и активности за расчистување на случајот и најстрого санкционирање на сторителот.
„Во 11.05ч. во СВР Тетово е пријавено дека е оштетена спомен плочата поставена кај Карпалак. По расчистување на случајот, соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.
Само еден ден откако вчера бранителите заедно со владини делегации и претставници на семејствата на загинатите кај Карпалак ја одбележаа 23 годишнината од масакрот, денеска спомен плочата поставена во нивна чест е остранета.
