| |

Илхан Ќучук ги повика Австрија и Холандија да ја преиспитаат својата позиција за влезот на Бугарија во Шенген

Европратеникот од „Обнови ја Европа“ Илхан Ќучук ги повика Австрија и Холандија да го преиспитаат ставот за ветото наметнато од нив за прием на Бугарија и Романија во Шенген. Тој го изјави ова за време на дебатата во Европскиот парламент за корупцискиот скандал со издавањето визи за високи суми од страна на Полска:

„Бугарија минатата година донесе закон и стави крај на инвестициската шема за доделувања на државјанства, гарантирајќи транспарентност и јасни правила за пристап до земјата. Така, Бугарија се покажа како сигурен партнер. Сега, сепак, е време двете земји Австрија и Холандија да покажат дека дебатата за иднината на миграциската политика и политиката за азил оди преку тоа Бугарија и Романија да станат дел од Шенген зоната. Денес, овој парламент треба со најголема сериозност да изјави дека и двете земји заслужуваат да бидат од Шенген“, изјави Ќучук.



Слични Објави