| |

Сребро за Борјана Калејн во поединечно на олимпискиот турнир во ритмичка гимнастика

Борјана Калејн освои сребрен медал во поединечна конкуренција на олимпискиот турнир во ритмичка гимнастика во Париз, јавува БГНЕС.

Калејн заврши со вкупно 140.600 поени. Таа го доби вториот највисок резултат на обрачот и топката, 35.850 и 36.450, соодветно, и трет на палки, 34.550. На последниот уред – лента, Калејн доби најдобра оцена со 33.750 поени.

Сепак, напорите на бугарската гимнастичарка не беа доволни за златото. Тоа отиде кај 17-годишната Дарја Варфоломеев од Германија со вкупно 142.850. Бронзениот медал го освои Софија Рафаели од Италија со 136.300.

Утре е финалето на ансамблот. Бугарската репрезентација во состав Магдалина Миневска, Софија Иванова, Камелија Петрова, Рејчел Стојанов (чија мајка е од РС Македонија) и Маргарита Василева влегуваат во спорот за распределба на медалите со најдобар резултат во квалификациите од 70.400 бодови. Финалето започнува во 15:00 часот по бугарско време.

Ова е и прво сребро за Бугарија од Париз. Бугарија веќе има 6 медали на овие олимписки игри- два златни медали на Семјон Новиков (борење) и Карлос Насар (кревање тегови) и трите бронзени медали на Кимија Ализаде (таеквондо), Божидар Андреев (кревање тегови) и Хавиер Ибанез (бокс).



Слични Објави