ИГУМЕНКА ЌЕ ГО ПРОДАВА СВОЈОТ МЕРЦЕДЕС ПО НАРЕДБА НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ-АЈДЕ ПА И ЗА НАШИТЕ ВЛАДИЦИ ДА СИ ДОЧЕКАМЕ

Рускиот патријарх Кирил благословил игуменка на богат руски манастир да го продаде својот автомобил Mercedes Benz S class. Наредбата под форма на благословија е дадена лично од патријархот, по големиот број публикации во руските медиуми за земното богатство на свештенството. Тие материјали предизвикаа сериозна реакција во руското општество.

На јазикот на црковната управа, одлуката на патријархот гласи како што следува: „Патријархот Кирил ја благослови игуменката на женскиот манастир „ Покровски ставропигијален манастир“ Теофанија (Мискина) да го продаде автомобилот„ мерцедес бенц “ S класа“.

Поглаварот на Руската црква истакнува дека донациите во манастирот треба да се користат за социјални и добротворни цели. Тој исто така ги потсетува монасите дека не треба да купуваат луксузни автомобили, а оние што се неопходни за нивната работа треба да бидат сопственост на манастирот, а не нивна лична сопственост.

Пораката на патријархот ги потврдува информациите дека сопственик на автомобилот е игуменката, а не манастирот и дека возилото не е купено со лични средства, туку со донации на мирјаните.

Манастирот „Покровски“ е еден од најпосетуваните и богати манастири во руската престолнина. Во неговиот круг работи и хотел со пет вездички „Покровскаја“, изграден во рамките на програмата за хотели за поклоници во Москва, но сепак цените во хотелот според тамошниот стандард се недостапни за обичните луѓе.