| |

ВНУКОТ НА ЖАК-ИВ КУСТО ЌЕ ГРАДИ ПОДВОДНА НАУЧНА СТАНИЦА ВО КАРИПСКО МОРЕ

Внукот на познатиот океанограф и истражувач Жак-Ив Кусто, Фабиен, сака да ја продолжи иновативната и истражувачката традиција на своето семејство.

Во 60-тите години на минатиот век, Жак-Ив Кусто изгради подводни села како дел од проектите на Conshelf, насочени кон создавање на живеалиштa под водата во кои истражувачите би можеле да живеат и да работат. Акванавтите во тоа време живееле две недели на длабочина од скоро 11 метри во Црвеното Море.

Фабиен Кусте, внук на легендарниот истражувач и иноватор, сака да изгради подводна верзија на Меѓународната вселенска станица. Фабиен, кој ги следи стапките на неговиот дедо смета дека изградбата на такво водно живеалиште и експлоатација на тоа за три години ќе чини 135 милиони долари. Фабиен не ги открива донаторите, но како партнери во проектот се вклучуваат универзитети од Соединетите држави и Карипската Фондацијата за истражување и управување со биолошката разновидност, која е со седиште во Курасао.

Проектот „Протеј“, именуван по синот на Посејдон, богот на морињата од грчката митологија, е предвиден да биде подводна лабораторија со површина од повеќе од 370 метри квадратни на длабочина од 18 метри во Карипското Море, во близина на островот Курасао. Главните цели на проектот вклучуваат медицински истражувања и студии за одржливоста на храната и ефектите од климатските промени. Во меѓународната станица ќе можат да работат до 12 научници одеднаш.

Според плановите на Фабиен Кусто, станцијата „Протеј“ ќе добива енергија од ветрот, сонцето и океанот. Покрај тоа, ќе има единствена подводна стаклена градина, каде истражувачите ќе одгледуваат растенија за храна под површината на океанот кога на планетата ќе и треба „свежа храна“. Внукот на легендарниот истражувач вели дека за жал пандемијата на коронавирусот COVID-19 го одложила спроведувањето на проектот.

Слични Објави