Сиљановска: Успехот на претседателката Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ- со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска, ѝ честиташе на кандидатската двојка Илијана Јотова – Кирил В’лчев за победата во вчерашниот втор круг од претседателските избори во Бугарија, јавува БТА.
„Успехот на претседателката Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ. Уверена сум дека за време на нејзиниот претседателски мандат Бугарија ќе игра конструктивна улога во нашиот регион и во Европа. Со добра волја можеме да ги надминеме постојните предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да придонесеме за мирот, стабилноста и просперитетот“, напиша Сиљановска во честитката објавена на англиски јазик на платформата Икс.
