|

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: едно лице загина, повеќе од 30 се повредени

Едно лице загина во авион од Лондон за Сингапур поради силни турбуленции, а повеќе од 30 лица се повредени, јавува Би-би-си.

Авионот „Боинг 777-300ER“ кој летал за Сингапур бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време. Авионот превезувал вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот, се наведува во соопштението на авиокомпанијата.

Сингапур ерлајнс соопшти дека летот SQ321, кој летал од Лондон Хитроу до Сингапур, наишол на сериозни турбуленции.

„Можеме да потврдиме дека има повредени и една личност смртно настрада. Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот. Сингапур ерлајнс изразува длабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопшти компанијата.

Тие додадоа дека „соработуваат со локалните власти во Тајланд за да им ја пружаат потребната медицинска помош на повредените“ и испраќаат тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.



Слични Објави