| |

СИМОВСКИ: ЗАКОНСКА ОБВРСКА Е ДАВАЊЕТО ПОДАТОЦИ – ДИЈАСПОРАТА ЌЕ СЕ ПОПИШУВА ОД 1 МАРТ

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска ја објави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април која е може да се прочита и на веб страницата на ДЗС. Тој рече дека е обврска на граѓаните да им дадат потадоци на попишувачите и дека затоа пописот е ставен во законска рамка. За дијаспората е создадена посебна апликација и иселениците ќе можат да се попишат веќе од 1 март. Симовски не ги коментира изјавите на политичарите за одложување на оваа статистичка операција.

Користењето на податоците од пописот е во интерес на самите граѓани и на државата, затоа и се носи закон со којшто се дава обврска да се учествува во пописот, рече Симовски.

„Секој оној што ќе се обиде да одбие, да не учествува во пописот си прави штета себе си, и на сите граѓани во државата. Апелирам сите да го прифатат пописот, бидејќи ова е општествено-корисна акција, ова не е во интерес на ниту една политичка структура во државата, туку во интерес на сите граѓани во државата. Податоците од пописот имаат голема употреблива вредност, пред сѐ во правец на развој на општеството, од економијата, образованието или здравството, па се до секојдневниот живот на граѓаните“, рече Симовски.

Тој информира дека секој податок даден за време на пописот ќе се проверува преку неколку бази на податоци, апелирајќи до граѓаните да им даваат точни податоци на попишувачите. Симовски рече дека покрај базата на МВР, во која се регистрира влез и излез од државата, ќе се користи и базата од министерствата за здравство и труд и социјална политика, од УЈП, како и од други бази на податоци.

Во однос на политичките изјави за можно одложување на пописот, Симовски истакна дека како Завод за статистика не коментираат политички изјави и оти се раководат од Законот за попис, каде што е утврден периодот за спроведување на пописот и сите рокови врзани со пописот и оти тој Закон мора да го почитуваат.

Симовски истакна и дека дијаспората ќе се попишува еден месец пред започнувањето на пописот, односно преку апликација што ќе биде во функција од 1 март. Посочи дека преку оваа апликација ќе се попишуваат лица само што се надвор од државата и таа е со посебни процедури и критериуми, додавајќи оти се работи за исклучително безбедна апликација.

Собранието на 21 јануари го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становитеа, според кој пописот треба да се спроведе од 1 до 21 април годинава. Законот гарантира одржување попис според меѓународните стандарди и стандардите на Евростат.

Слични Објави