| |

МИЦКОСКИ: ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОПИС

Пописот ќе биде политичка наместо статистичка операција со договорени проценти коишто никому нема да му бидат од полза, рече во изјава за медиумите лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што кажа тој партијата веќе почнала со иницијативата за собирање на граѓански потписи за поднесување на закон во собранието за укинување на законот за попис.

Мицкоски повикува пописот да се одложи по пример на некои земји од соседството, но и пошироко или пак, да се спроведе електронски попис, со користење на податоците од базите на податоци.



Слични Објави