„ЗЕЛЕНАТА“ ДАМА ВО БОРБА „НА НОЖ“ СО БУГАРСКАТА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА

///

Ќерката на Фолклористот излезе од премерениот политички говор, заради најавата дека од 1 март 2021 г. во Македонија ќе се емитува програмата и на Бугарската национална телевизија. Таа вели дека влезот на овој медиум во македонскиот етер е рамен на самоубиство. И можеби оваа симпатична на прв поглед фина жена има право. Системот што со лаги, манипулации, уништување на цели фамилии, дури и убиства на недолжни луѓе со сите свои сили го наметнуваше искривениот македонизам на антибугарски темели веќе е солидно пропукан. Ќерката на Фолклористот се плаши, некој концерт на Лили Иванова или пак на Пирински гриваци, на врв Нова година или Божик, да не го докрајчи и од играчка да не стане плачка.

Проплака нашата „зелена“ дама речиси цел месец пред навистина во етерот да слушнеме говор од старите предели. Проплака и ги покажа своите заби. Горда наследничка на татка си… за кого стари кавадарчани ми имаат кажувано дека во лудите млади години се изјаснувал како Бугарин, како и целото негово семејство. Па кои со воодушевување и музика ги пречека Бугарите во 1941 г во Кавадарци. Нејзиниот дедо, таткото на Блажето и дедото на бизнисменот Кире Шошев, со запрежни коли и пајтони ја превезувале бугарската пешадија од гарата во Неготино до Кавадарци… да не се мачат кутрите војничиња да одат пешки. Но тоа најверојатно е непријателска пропаганда на ревизионистите.

Се исплаши нашата „зелена“ дама, оти во етерот на БНТ ќе ги слушаме во оригинал изјавите на бугарските политичари, без тенденциозно преведување или вадење од контекст на нивните изјави, како што се случи со саркастичниот муабет на Каракачанов за инженескиот полк на бугарската армија и комунистичките споменици со исклесан бугарскиот фашистички окупатор на нив. Се исплаши Поповска, оти на будалите Бугари може да им текне да прикажат некоја документарна емисија во која што може да се појави аргументирана критика за слободните состави на нејзиниот татко и неговите колеги. Можеби се исплашила и поради фактот што Македонците ќе видат колку се изостанати во споредба со Бугарите, кои нели сите знаеме, не знаеле што е тоа гума за џвакање. А денеска оп… Софија целата во светлина, дотеран народ, презентери со прекрасна дикција, скапи домашни сериски продукции и сл. Ќерката на Фолклористот се плаши од тоа, Македонците да видат до каде е стасана Бугарија, која со сите свои трески за делкање, пак е далеку пред РМ.

Ако ги заследат бугарските дебатни емисии, дури да не е заради емоција туку од чисто љубопитство, Македонците ќе сфатат дека за 30 г во Бугарија се смениле неколку генерации политичари, додека кај нас едни исти фаци ни ветуваат еднаш канализација, друг пат гасификација и слични такви приказни за добра ноќ. Не е фино нели, посебно кога се работи за политичарка од ковот на Поповска, која со ист успех може да се залепи и да профитира и од груевизмот и од заевизмот. Тоа веќе го видовме. Поповска е едно од највозрасните „наши деца“ на нашата македонска реалност, а „нашите деца“ знаете, мораат да бидат сместени во удобни и престижни фотелји без разлика која и да е политичката опција на власт.

Пред нашата „зелена“ дама има една опција… може да повика на бојкот на операторот што ќе ја емитува непријателската БНТ. Бојкотот не ни е непозната именка. Сме бојкотирале избори, референдуми, настави, па што остана за телевизиски и интернет оператори. За Македонија се работи, ќе го бојкотираме и тоа. Бедно нели…? Бедно како пцовка на некој виртуелен патриот кој за последен пат имал квалитетен секс пред 20-тина години, ама сега се чувствува моќен да општи сексуално со сета женска популација на соседна Бугарија.



Не плашете се г-ѓо Поповска и да го снема македонизмот, вашата пензија ќе продолжи да си тече… а пак, ако утре, ви затреба нешто од „окупаторска“ Софија, секогаш ќе можете да се повикате на бугарскиот период на Вашиот татко и активностите на Вашиот дедо во 1941 г. Сигурно чувате некое благодарствено писулче во фиока за во зло време… сите чуваат, а ако не чувате не се тревожете запишано е. Побарајте, разгледајте, злото време веќе чукна на вашата врата…

Добър вечер уважаеми зрители, вие сте с централната новинарска емисия По света и у нас на Българската национална телевизия…

Автор: Атанас Величков

Претходна статија

АМБАСАДОР АНГЕЛ АНГЕЛОВ: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ОСТАНУВА ВО ПАНТЕОНОТ НА ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА И Р С МАКЕДОНИЈА

Следна статија

МИЦКОСКИ: ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОПИС

Најново од Истакнато