| |

Планк: Првата фабрика за муниција и барут на „Рајнметал“ во Бугарија ќе биде отворена уште оваа година

Изградбата на фабриките за муниција и барут на „Рајнметал“ во Бугарија се одвива според планот, а првата од нив треба да биде отворена уште оваа година. Ова го изјави за Нова ТВ германската амбасадорка во земјата Ирене Марија Планк, пренесува БГНЕС.

„Важно е соработката да се реализира и фабриките да работат – тоа е класична ситуација во која сите добиваат“, рече таа и прецизираше дека проектот има целосна поддршка од службената влада и се очекува да ги зајакне позициите на Бугарија како сигурен партнер во одбранбената индустрија.

Во контекст на меѓународната безбедност, Планк изјави дека Бугарија располага со доволно добри одбранбени можности и ужива поддршка од партнерите во НАТО. Таа изрази уверување во проевропската ориентација на службената влада и поддршка за транспарентни избори и функционален судски систем.



Слични Објави