(Видео) Студио Актуално Балкани: Што значи да се биде Бугарин во „Српски свет“
Дали бугарското малцинство во Србија е пред исчезнување и што значи да се биде Бугарин во „Српски свет“. Гостин во „Студио Actualno Балкани“ е Иван Николов, претседател на Бугарскиот културен центар во Босилеград.
Тој смета дека Бугарија ја потценува концепцијата за „Српски свет“.
„Во српските учебници по историја е поставено дека Бугарија е држава која ја окупирала Србија. Во учебниците по географија има фалсификати во кои се зборува за огромно српско малцинство во Бугарија. Тука станува збор за тезата за српско-шопска нација, која се обидува да ja промени националнaта самосвест на Бугарите“, изјави Николов.
Дали тоа може да успее? Повеќе за тоа како се чува бугарскиот јазик во Србија и зошто српската држава создава препреки за неговото изучување – слушнете во разговорот.
Камера и монтажа: Стојан Стојанов.
