ЈАНУШЕВ: РУСКОВСКА МОРА ДА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕДЕЛУВАЊЕТО ВО ОДНОС НА ЈАНЕВА
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на денешната прес-конференција во седиштето на партијата побара обвинителката Вилма Русковска да понесе одговорност, за своето „неделување“ во однос на Катица Јанева.
Јанушев истакна дека наместо во притвор, Јанева се шетала по плажи и имала време да форматира телефони и компјутери.
Според генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Јовановски и Зоран Милески се обични извршители на рекетот, кои не би можеле да направат ништо без помош од власта. Токму поради тоа Јанушев побара проширување на истрагата, бидејќи како што рече, не се доволни само објавите во медиумите дека Катица Јанева ќе биде „пуштена низ вода“.
Јанушев го повтори ставот на партијата дека Заев треба веднаш да поднесе оставка и да се организираат предвремени парламентарни избори.