|

АНДОНОВСКИ (ВМРО-ДПМНЕ): ВЕТОТО СИ ИМА ИМЕ И ПРЕЗИМЕ-ЗОРАН ЗАЕВ

„Надежите за европска иднина, со оваа влада во заминување остануваат само соништа. Зоран Заев со својата политика на свиткана кичма, ветувањата и концесиите кои ги давал се претвори кочница на Македонија на евроинтегративниот пат. Аматерските грешки во дипломатијата со кои идентитетските и историските прашања ги направи критериум за влез во ЕУ, ги пораснаа негаторските апетити и станаа услов за Македонија.

Оставени сме пред избор – или интеграција со асимилација или целосно изолирање на Македонија од европските текови.

Заев и Бучковски договараа и договараат без никој да знае што сè се подготвени да стават на маса. На маса за преговори се најде придавката „македонски“, што укажува на тоа дека Заев преговара за идентитетот како што претходно иако се колнеше се откажа од Македонија“, кажа Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави