| |

ИСТОРИЧАР ОД БУГАРИЈА: НАШ ГЕНЕРАЛЕН СТРАТЕШКИ ИНТЕРЕС Е МАКЕДОНИЈА ДА ПОСТОИ КАКО НЕЗАВИСНА ДРЖАВА

Во интервју за емисијата „Политички некоректно“ на Бугарското национално радио, историчарот Воин Божинов од Бугарската академија на науките (БАН) изјави дека од стратешки интерес на Бугарија е Македонија да постои како независна држава, бидејќи на тој начин се раскинува копнената врска помеѓу Србија и Грција, која во минатото секогаш ја задушувала Бугарија.

„Нашата дипломатија мора да има крајно рафинирани начини на дејствување. Од една страна, треба да ги заштити нашите национални интереси, а од друга, треба да покаже дека Република С. Македонија има место во европското семејство со цел во неа да не започнат деструктивни процеси кои може да доведат до нејзино распаѓање. Нашиот генерален интерес е Република С. Македонија да постои како независна држава бидејќи нејзиното присуство на картата ја раскинува копнената врска помеѓу Србите и Грците, што е наш голем интерес бидејќи тоа е граница што секогаш ја задушуваше Бугарија“, изјавил Божинов за Бугарското национално радио.

Божинов во интервјуто исто така истакнува дека во Македонија постои антибугарска хистерија што, според него, покажува дека македонизмот не е само идеологија, туку и ментална девијација.



Слични Објави