КАРАКАЧАНОВ: НАШАТА ПОЗИЦИЈА Е ЈАСНА ВЛАДАТА ВО СКОПЈЕ ТРЕБА ДА ГО ИСПОЛНИ ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО

„Нашата позиција е јасна- ние сакаме Владата во С. Македонија да ги исполнува договорите што ги потпишува“, изјави вицепремиерот на Бугарија, министер за одбрана и претседател на ВМРО, Красимир Каракачанов за време на конференцијата Западен Балкан која се оддржа on-line во организација на фондацијата New Direction и Меѓународниот републикански институт (IRI).

loading...

„Од 1 август 2017 година Бугарија потпиша Договор за пријателство и добрососедство. На база на тој Договор беше формулирано што треба да се направи во однос на спорните прашања. Јасно е дека нема како да бидеш реален кандидат-член на ЕУ ако имаш нерешени проблеми со своите соседи. Македонија потпиша два договори, со Бугарија во 2017 и со Грцја во 2018 година. Ако Договорот со Грција беше спроведен во рамките на еден месец, од Договорот со Бугарија не беше спроведено апсолутно ништо. И покрај тоа во 2018 година Бугарија се согласи и Македонија стана член на НАТО. Поминаа уште две годни и ние гледаме дека Владата во Скопје ја прифаќа бугарската позиција не како благородство туку како слабост. Можеби дел од политичката елита во Скопје смета дека може да потпишува договори без да ги спроведува. Јас ќе им кажам дека договорите меѓу субјектите на меѓународното право се потпишуваат за да се спроведуваат“, вели Каракачанов.

Тој истакна дека вратата за започнување на преговорите не е затворена.

„Секогаш сме подвлекувале дека проширувањето на европските структури и НАТО на територијата на Западен Балкан е важен елемент од европската безбедност. Но тоа не може да биде за сметка на бугарскиот национален интерес. Ако некој мисли дека може да го игнорира интересот на една држава членка во името на интересите и најмногу инаетот на една држава кандидат-член не го прочитал добро самиот европски Договор и најверојатно многу сериозно се збунил“, категоричен е Каракачанов.


loading...

Бугарскиот министер за одбрана е дециден дека позицијата на Бугарија кон Македонија не е вето.

„Не би рекол дека позцијата на Бугарија е ставање вето, во никаков случај. Ние не ставаме вето на Македонија. Ние го одложуваме свикувањето на првата меѓувладина конференција на која што ќе започнат преговорите со Р.С. Македонија. За тоа има многу причини. Нашите пријатели дури би кажал нашите сонародници во Македонија или поскоро нивната политичка елита до таков степен поверуваа во силата на лобизмот што помислија дека Бугарија ќе биде натерана од поголемите држави во случајот од германското претседателство на Советот на ЕУ да не прави опструкции и да се согласи со започнувањето на преговорите. Проблемот се разбира не е толку во вишокот на самодоверба што во крајна сметка се покажа катастрофална за надворешната политика на Скопје, туку фактот дека во С.Македонија мислат дека можат да потпишуваат договори без да ги спроведуваат“, вели Каракачанов.

Развојот на земјите од Западен Балкан со актуелни и важни теми за регионот беа дискутирани од политичари и експерти го областа на геополитиката и меѓународните односи за време на online конференцијата на Западен Балкан.