| | |

(Галерија) Цариградските Бугари го прославија денот на Св. Стефан

Бугарската заедница во Цариград го прослави денот на Св. Стефан, патрон на заедницата и на познатата Железна црква на Златниот рог.

Специјален гостин на празникот беше Вселенскиот партријарх Вартоломеј. За одбележувањето на големиот христијански празник јавува игуменот на црногорскиот манастир во Бугарија архимандрит Никанор.

Светата литургија била отслужена од партријаршиски свештеник и ѓакон целосно на црковно словенски јазик а Светото евангелие беше прочитано на современ бугарски јазик од ѓакон Епифаниј, по народност Украинец. Симболот на верата и ,,Оче Наш” беа прочитани од Неговото Сесветејштво на грчки јазик и веднаш потоа од бугарскиот Генерален конзул на бугарски.
До Вселенскиот партријарх претставник на бугарската православна црква и на бугарскиот партријарх за време на самата прослава бил Тивериополскиот епископ Тихон.

За време на прославата беа прочитани торжествени слова од Негово високо преподобие архимандрит Харалампиј и одговор од Сесветејштиот Вселенски партријарх Вартоломеј. Им беше оддадена почит на настојателите и донаторите на храмот.
На крајот верниците меѓу кои цариградски Бугари и гости од Бугарија добија благослов од Вселенскиот партријарх Вартоломеј а петтолебие од епископот Тихон.

Фото: Отец Никанор.

Слични Објави